Media Library »

Storacles

separator

Над толпата

Над толпата
Над толпата
Петар го сакал Исуса, но го сакал и одобрувањето од толпата. За време на последната вечера кога Исус ги предупредил апостолите дека сите ќе се одречат од Него, Петар скокнал на нозе и дал избрзано ветување дека дури и сите да згрешат, тој никогаш нема да се одрече од Него. Исус на ова му одговорил: „Вистина ти велам, уште ноќеска трипати ќе се одречеш од Мене, пред да пропее петел.” Стих 34. Петар добро мислел, но не можел да ја препознае гордоста во сопственото срце. Подоцна истата таа вечер кога толпата дошла да го уапси Исуса, пред очите на сите Петар го извлекол мечот во одбрана на Својот Учител. Но само неколку часа подоцна за време на Исусовото судење, додека Петар бил исмеван од Исусовите непријатели, три пати одрекол дека воопшто Го познавал. Секој нареден пат Петар станувал сè поодважен, за да на крајот се одрече од Него заколнувајќи и проколнувајќи се (стих 74). Потоа запеал петелот. Во истиот миг додека Исус се наоѓал во судскиот хол, и бил постојано удиран од стражарите, Петар забележал како Исус се свртел и го погледнал со љубов и сочувство.Тоа го скршило неговото срце. „... и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене! И Петар штом излезе надвор заплака горко.“ Лука 22:61, 62. Од тој ден па понатаму, Петар бил поинаков човек. Тој повеќе не живеел за да и угодува на толпата, туку беше одлучен да му удоволи само на Бога. По неговото обратување, кога бил изведен пред еврејскиот Синедрион, откако му се заканиле дека ќе биде тепан доколку продолжи да проповеда за Христа, Петар бестрашно одговорил: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето.“ Дела 5:29. Петар засекогаш ја докажал својата верност и љубов кон Исуса кога избрал подобро да биде распнат од римскиот император Нерон со главата надолу отколку повторно да се откаже од својот Господ.


1. Како одредува Господ дали сме или не сме на Негова страна?

1. Како одредува Господ дали сме или не сме на Негова страна?

Матеј 7:21. Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја ______ волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.

Римјаните 6:16 Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Ова е едноставен принцип, нашата верност се одредува според тоа кого слушаме. Ако кажеме дека сме Божји слуги а ги слушаме наредбите на ѓаволот или на светот, тогаш се мамиме себеси.

2. Кога Божјите заповеди се во конфликт со човечките, кого треба да послушаме според Петар?

2. Кога Божјите заповеди се во конфликт со човечките, кого треба да послушаме според Петар?

Дела 5:29. А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме ______ повеќе, отколку луѓето.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Откако Петар се обратил и се вљубил во Исуса, тој му кажал на еврејскиот совет дека повеќе ќе го слуша Бога. Ние веќе научивме дека законите на ѕверот и на светот ќе се судрат со Божјите закони. Денес, мораме да одлучиме да ги послушаме Божјите заповеди - без оглед на последиците.

3. Како најдобро ја покажуваме љубовта кон Бога?

3. Како најдобро ја покажуваме љубовта кон Бога?

Јован 8:31. Ако пребивате во Моето ______, навистина сте Мои ученици.

Јован 14:15 Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

1 Јованово 2:4 Кој вели: „Го познав”, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Најдобра демонстрација на нечија љубов кон Исуса е да се твори Неговата волја, а Божјиот Закон е најсовршениот израз на Неговата волја (Псалм 40:8).

4. Според Исуса, зошто лицемерите изгледале религиозно?

4. Според Исуса, зошто лицемерите изгледале религиозно?

Матеј 6:2. За да бидат ________ од луѓето.

Матеј 6:5 За да ги видат луѓето.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Библијата ни вели дека: „човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.“ 1 Самуил 16:7. Вистинскиот христијанин ќе бидат повеќе загрижен за тоа што Бог мисли за него, а не луѓето.

5. Дали обично е сигурно да се следи мноштвото?

5. Дали обично е сигурно да се следи мноштвото?

Излез 23:2. Не се _________ по мноштвото, за да правиш зло.

Матеј 7:13, 14 Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.



Одговор:  ____________________

Забелешка:   Историјата се чини укажува дека мноштвото скоро секогаш донесувало погрешни одлуки. Мноштвото сакало да го каменува Мојсеја и да се врати назад во ропство во Египет (Броеви 14:4-10). Мноштвото извикувало: „Распнете го, распнете го!“ Лука 23:21. И повторно мноштвото ќе го прими жигот на ѕверот во последните денови (Откровение 13:16).

6. Како се чувствува Исус кога човечките преданија ги сметаме за поважни од Божјите заповеди?

6. Како се чувствува Исус кога човечките преданија ги сметаме за поважни од Божјите заповеди?

Марко 7:7, 9. _________ Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби. ... Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!


Одговор:  ____________________

7. Дали вистинското христијанство ќе биде популарно во последните дни?

7. Дали вистинското христијанство ќе биде популарно во последните дни?

Матеј 24:9. Сите народи ќе ве _________ заради Моето име.

2 Тимотеј 3:12 А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.

Откровение 12:17 И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе.

Откровение 13:15 И да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Во последните дни, сатаната заедно со своите следбеници ќе поведе сеопфатна војна против Божјите вистински, библиски верници.

8. Дали е можно да му служите и на Бога и на мноштвото?

8. Дали е можно да му служите и на Бога и на мноштвото?

Матеј 6:24. Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го _____; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира.

Матеј 12:30 Кој не е со Мене, тој е против Мене.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Во оваа битка помеѓу Христа и сатаната, не постои неутрална територија. Не е можно да бидеме само набљудувачи. Ако не соработуваме со Исуса, ние всушност му помагаме на ѓаволот.

9. Дали е сигурно да го сакаш пријателот или членот од семејството повеќе од Исуса?

9. Дали е сигурно да го сакаш пријателот или членот од семејството повеќе од Исуса?

Матеј 10:37. Кој го љуби таткото или _______, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене.

Лука 14:26 Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази (ги сака помалку): татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик.

Матеј 12:50 Зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Исус овде укажува на фактот дека најдобриот начин да се допре до нашите мили и тие да се спасат е ако Тој е на прво место во нашите животи. Секогаш се случува трагична грешка кога ги ставаме на прво место нашите природни чувства кон некој од семејството или кон пријател пред нашата прва должност што треба да ја имаме кон нашиот Спасител и Создател.

10. Дали е мудро напредокот во кариерата или земските богатства да се ставаат пред Исуса?

10. Дали е мудро напредокот во кариерата или земските богатства да се ставаат пред Исуса?

Матеј 16:26. Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот _____, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?

Лука 12:15 Зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Верувањето дека среќата и сигурноста доаѓаат од доброто работно место и убавите нешта е опасна измама. Напротив, Исус вели: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“ Марко 10:25

11. Дали е сигурно да продолжиме да не ја вржиме Божјата волја откако Тој ни ја покажал вистината?

11. Дали е сигурно да продолжиме да не ја вржиме Божјата волја откако Тој ни ја покажал вистината?

Осија 4:6. Мојот народ _____: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе. ... зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.

Евреите 10:26 Зашто, ако грешиме самоволно откако го примивме полното познание на вистината, не останува веќе жртва за гревовите.


Одговор:  ____________________

12. Што ќе се случи со таквите кои упорно ја одбиваат вистината?

12. Што ќе се случи со таквите кои упорно ја одбиваат вистината?

2 Солунјаните 2:10-12. И со секаква неправедна измама, за оние кои __________, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат. И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата.

Јован 3:19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Библијата нè учи дека Исус е вистината (Јован 14:6). Да се прифати или отфрли вистината во било кој начин е да се прифати или отфрли Исус.

13. Дали оние кои ќе го прогонуваат Божјиот народ во последните дни ќе веруваат дека со тоа го прават вистинското нешто?

13. Дали оние кои ќе го прогонуваат Божјиот народ во последните дни ќе веруваат дека со тоа го прават вистинското нешто?

Јован 16:2. Ќе дојде час, кога секој, што ќе ве убие, ќе мисли дека Му ______ на Бога.


Одговор:  ____________________

14. Како Петар ги опишува таквите кои ја запознале вистината но одбиваат да ја следат?

14. Како Петар ги опишува таквите кои ја запознале вистината но одбиваат да ја следат?

2 Петрово 2:21, 22. Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена. Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,“ и „Искапената свиња се враќа да се ______ во калта.“


Одговор:  ____________________

15. Дали да се следи Исус подразбира извесна борба и самооткажување?

15. Дали да се следи Исус подразбира извесна борба и самооткажување?

Лука 9:23. Ако некој сака да оди по Мене, нека се _______ од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!


Одговор:  ____________________

16. Дали е безбедно да се одолговлекува или одложува со одлуката да се следи Исус?

16. Дали е безбедно да се одолговлекува или одложува со одлуката да се следи Исус?

Евреите 4:7. Денес ако го _______ Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.

Евреите 2:3 Како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение?

2 Коринтјаните 6:2 Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението!


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Најдобро време да се послуша Божјиот глас е тогаш кога го слушате, и најдобро време да се твори Божјата волја е тогаш кога Тој ви ја покажува Својата волја. Популарната стапица на сатаната е да ги мами луѓето со помислата дека има доволно време за да се донесе одлука. Ѓаволот знае дека осведочувачкиот глас на Божјиот Дух ќе стивне доколку се занемари. Многу милиони ќе бидат изгубени кои искрено планирале да тргнат по Исуса некој ден во иднина, но „тој ден“ никогаш не дошол.

17. Кои придобивки се добиваат доколку одлучите да ја прифатите и следите вистината?

17. Кои придобивки се добиваат доколку одлучите да ја прифатите и следите вистината?

Псалм 119:165. Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем ____, не се сопнуваат на ништо.

Јован 8:32 И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.

1 Петрово 1:22 Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината.


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Голем мир, сигурност и слобода има во срцата и животите на оние кои ја примаат и и се послушни на вистината.

18. Кое прашање му го поставил Исус на Петра трипати?

18. Кое прашање му го поставил Исус на Петра трипати?

Јован 21:17. Му рече по третпат: „Симоне Јонин, Ме ______ ли?”


Одговор:  ____________________

Забелешка:   Ова е најважното од сите прашања кога се работи за целосната преданост на Божјата волја. Дали Го сакате?

19. Вистината никогаш нема да биде популарна на овој грешен свет, и толпата скоро секогаш ќе го следи полесниот пат. Но Исус ја покажал Својата неверојатна љубов кон вас со тоа што го дал Својот живот за да ја плати цената за сите ваши гревови. Господ има голем план за вашиот живот. Токму затоа Тој ви ја открива Својата вистина. Дали ќе сакате да му ја возвратите љубовта со тоа што ќе му го предадете целото срце, одлучувајќи да го прифатите како ваш Господ, и следејќи Го каде што Тој ќе ве води?

19. Вистината никогаш нема да биде популарна на овој грешен свет, и толпата скоро секогаш ќе го следи полесниот пат. Но Исус ја покажал Својата неверојатна љубов кон вас со тоа што го дал Својот живот за да ја плати цената за сите ваши гревови. Господ има голем план за вашиот живот. Токму затоа Тој ви ја открива Својата вистина. Дали ќе сакате да му ја возвратите љубовта со тоа што ќе му го предадете целото срце, одлучувајќи да го прифатите како ваш Господ, и следејќи Го каде што Тој ќе ве води?



Одговор:  ____________________

Free Bible School

Bible School
Enroll in our Free Online Bible School Today!
Start your first lesson now!


Christian Hymns



Freebie!

Ultimate Resource
Request your free book, Ultimate Resource, today and learn how to study the Bible
Get It Now!


Back To Top